УЕФА Куп на победниците на куповите
From Wikipedia, the free encyclopedia
УЕФА Куп на победниците на куповите било фудбалско натпреварување организирано од УЕФА, во кое се натпреварувале победниците на домашните купови од скоро сите европски лиги. Првото издание било одржано во сезоната 1960-61, а последното во сезоната 1998-99. Натпреварувањето било тогаш прекинато со цел да се зголеми квалитетот на Лигата на шампионите. Победниците на домашните купови од тогаш стекнувале право на директно учество во Купот на УЕФА, натпреварување подоцна преименувано во Лига Европа.
Кратки факти Регион, Основана ...
Регион | Европа (УЕФА) |
---|---|
Основана | 1960 |
Згасната | 1999 |
Број на клубови | 32 (прво коло) |
Тековен првак | Лацио (1-ва титула) (1998–1999) |
Најмногу титули | Барселона (4 титули) |
Мрежно место | UEFA Cup Winners' Cup |
Трофеј |
Затвори
Ниту еден освојувач на ова натпреварување не успеал да го одбрани трофејот. Најуспешен клуб во историјата била Барселона со 4 титули, додека последната титула ја освоил Лацио.