ФК Барселона
фудбалски клуб во Барселона, Шпанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалски Клуб Барселона (каталонски: Futbol Club Barcelona, често познат како Барса или Барселона) — професионален фудбалски клуб, со седиште во Барселона, Шпанија. Се натпреварува во Ла Лига, и е еден од трите клуба кои никогаш немаат испаднато од првата шпанска лига.
Целосно име | Фудбалски Клуб Барселона Futbol Club Barcelona | |||
---|---|---|---|---|
Прекари | Барса или Блауграна (како тим) Барселонистас (поддржувачи) Блаугранес или Азулгранес | |||
Основан | 29 ноември 1899; пред 124 години (1899-11-29) како Фудбалски Клуб Барселона | |||
Стадион | Камп Ноу (Капацитет: 99,786) | |||
Претседател | Жозеп Марија Бартомеу | |||
Менаџер | Кике Сетиен | |||
Лига | Ла лига | |||
2018/19 | 1-ви | |||
Мреж. место | Службено мрежно место | |||
| ||||
Формиран во 1899 година од страна на швајцарски, шпански и каталонски играчи предводени од страна на Жоан Гампер, клубот станал симбол на каталонската култура и каталонците, под мотото „Més que un club“ (македонски: Повеќе од клуб). Официјалната химна на Барса е „Cant del Barça“ чии автори се Жуам Пикас и Жозеп Марија Еспинас.[1] За разлика од многу други фудбалски клубови, навивачите ја поседуваат и раководат со Барселона. Барселона е вториот најбогат фудбалски клуб во светот во поглед на приход, со годишен обрт од 484 милилони евра.[2][3] Клубот има долго соперништво со Реал Мадрид, натпреварите помеѓу овие два тима се познати како Ел Класико.
Во домашните првенства ФК Барселона освоила рекордни дваесет и пет Шпански купови, девет Шпански Супер Купови и два Лига Купови. Исто така е еден од најуспешните клубови во европскиот фудбал, со освоени десет УЕФА натпреварувања. Барселона е единствениот европски клуб кој игра континентален фудбал секоја сезона од 1955 година. Во 2009 година Барселона стана првиот шпански клуб кој ги има освоено Ла Лига, Кралскиот Куп и Лигата на шампионите во една сезона. Истата година стана и првиот фудбалски клуб во светот кој има освоено шест од шест трофеи во една година, вклучувајќи ги и Шпанскиот Супер Куп, УЕФА Супер Купот и ФИФА светскиот клупски Куп.