Узунбоџак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Узунбоџак (бугарски: Узунбоджак) – резерват на природата во Бугарија, кој се наоѓа во рамките на УНЕСКО-вата програма Човек и биосфера и е еден од петте резервати на природата кои се наоѓаат во рамките на Паркот на природата Странџа во југоисточниот дел на Бугарија. Се нарекува и Лопушина.
Кратки факти Резерват на природата Узунбоџак, Место ...
Резерват на природата Узунбоџак | |
---|---|
МСЗП — Категорија Ia (строг природен резерват) | |
Место | Општина Мало Трново и Општина Царево, Бургас, Бугарија |
Најблизок град | Мало Трново и Царево |
Координати | 42°04′01.2″N 27°46′58.8″E |
Површина | 25.296 км2 |
Воспоставен(а) | 13 декември 1956 |
Управно тело | Министерство за околина и води на Бугарија |
Затвори
Узунбоџак бил основан на 13 декември 1956 година, во УНЕСКО-вата програм Човек и биосфера е приклучен во март 1977 година.[1] Резерватот зафаќа површина од 25.296 км2.[1] На неговата територија се забранети сите стопански активности.[2]