ФК Њукасл Јунајтед
англиски фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
Њукасл Јунајтед Фудбал Клуб (на англиски Newcastle United Football Club) или ФК Њукасл Јунајтед е англиски фудбалски клуб од градот Њукасл Апон Тајн. Клубот е основан во 1892 со спојување на два локални клуба Њукасл Ист Енд и Њукасл Вест Енд и откако постои ги игра своите домашни натпревари на стадионот Сент Џејмс Парк. Клубот е член на Премиер лигата во сите, освен две сезони од историјата на натпреварувањето, и исто така никогаш не испаднал под второто ниво на англискиот фудбал, откако се приклучил на Фудбалската Лига во 1893 година. Во 2007 година, долгорочниот претседател и сопственик на клубот Сер Џон Хол го продаде својот удел во клубот на Мајк Ешли.
Њукасл Јунајтед | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Њукасл Јунајтед Фудбал клуб | |||
Прекар | Страчки, Тун Армијата | |||
Основан | 9 септември 1892 | |||
Стадион | Сент Џејмсис Парк Њукасл, Англија | |||
Капацитет | 52,404 | |||
Претседател | Мајк Ешли | |||
Менаџер | Рафаел Бенитес | |||
Лига | Премиер лига | |||
2018–19 | Премиер лига, 13. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Њукасл има освоено четири лигашки наслови како и 6 ФА Купа, додека нивен најголем успех во евро-турнирите е освојувањето на купот на велесаемските градови во 1969 година како и Интертото Купот во 2006 година. Тие се на 8-мо место по бројот на освоени трофеи меѓу англиските екипи. Најголем соперник на Њукасл му е тимот на Сандерленд со кого го игра популарното Дерби на Тајн и Вер уште од 1898 година. Тимот игра во за нив препознатливата црно-бела комбинација, а главен прекар на клубот е Страчките.