Франц Бекенбауер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Франц Антон Бекенбауер (роден на 11 септември 1945 - Минхен, 7 јануари 2024) — германски фудбалер, фудбалски менаџер и тренер,познат глобално под прекарот Der Kaiser (Императорот) поради елегантниот начин на игра, улогата на водач во тимот и доминацијата на фудбалскиот терен. Тој се смета за најдобриот германски фудбалер на сите времиња и за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.
Бекенбауер бил сестран играч кој ја започнал својата кариера како играч во средниот ред, но станал познат играјќи како одбранбен играч. Тој често се споменува како фудбалерот кој ја измислил улогата на либеро.[1]
Бекенбауер е двапати избран за Европски Играч на Годината, има 103 настапи за Западна Германија и има настапено на три Светски Првенства. Како капитен за Западна Германија,тој го освојува Светското Првенство во 1974, и овој успех го повторува како тренер на репрезентацијата во 1990. Со својот клуб,Баерн Минхен, Бекенбауер освојува три последователни Европски Купа,од 1974 до 1976, и Купот на Куп победниците во 1967. Франц Бекенбауер е единствениот фудбалер кој освоил три Европски купа како капитен на екипата освојувач,во неговиот случај Баерн Минхен. Подоцна станува тренер и претседател на клубот.
Во 1999 беше изгласан втор позади Јохан Кројф,во изборот за Европски фудбалер на векот, а во изборот за Светски Фудбалер на векот, го зазема третото место,позади Пеле и Кројф.
Денес Бекенбауер е влијателна фигура во германскиот и светскиот фудбал.Тој ја водеше успешната кандидатура на Германија да биде домаќин на Светското Првенство во 2006 година, и беше претседател на организициониот одбор на првенството. Работи и како стучен коментатор за германската телевизија SAT1 и пишува фудбалски колумни во германскиот таблоид Bild.