7 јануари
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
7 јануари — 7-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 358 денови до крајот на годината (359 во престапна).
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | |
07 | 08 | 09 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
Настани:
1584 | Католичките држави во рамките на светото Римско Царство го усвоија грегоријанскиот календар. |
1789 | По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност. |
1898 | По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање. |
Родени:
1502 | Грегориј XIII — римски папа. |
1624 | Гварино Гварини — италијански архитект. |
1768 | Жозеф Бонапарт — крал на Неапол и Шпанија. |
1800 | Милард Филмор — 13. претседател на САД. |
1846 | Теодосиј Гологанов — скопски митрополит. |
1856 | Стојан Михајловски — бугарски писател. |
1862 | Иван Георгов — бугарски педагог, научник, филозоф. |
1916 | Орце Николов — народен херој на Македонија. |
1923 | Иван Мазов — македонски писател. |
1931 | Бахрудин Ченгиќ — босански и југословенски режисер. |
1942 | Божин Павловски — македонски писател. |
1948 | Ичиро Мизуки — јапонски пејач. |
1956 | Дејвид Карузо — американски глумец. |
1960 | Славица Ѓукиќ — југословенска и австриска ракометарка. |
1962 | Александар Дугин — руски филозоф и политиколог. |
1942 | Николас Кејџ — американски глумец. |
1968 | Георги Господинов — бугарски писател. |
1979 | Кристоф Жено — француски борач. |
1973 | Никола Тодоров — министер за образование и здравство на Македонија. |
1980 | Давид Аројо — шпански велосипедист. |
1983 | Матео Таљариол — италијански мечувалец. |
1985 | Луис Хамилтон — англиски возач на Формула 1. |
1989 | Џон Дегенколб — германски велосипедист. |
1991 | Еден Азар — белгиски фудбалер. |
1993 | Јан Облак — словенечки фудбалер. |
1994 | Егзон Бејтулаи — македонски фудбалер. |
1995 | Јулија Путинцева — казахстанска тенисерка. |
Починале:
1536 | Катерина Арагонска — кралица на Англија. |
1655 | Инокентиј X — римски папа. |
1943 | Никола Тесла — српско-американски истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. |
1957 | Јоже Плечник — словенечки архитект. |
1988 | Милан Срдоч — српски и југословенски глумец. |
1988 | Венко Марковски — македонски и бугарски поет. |
1989 | Хирохито — цар на Јапонија. |
2004 | Ингрид Тулин — шведска глумица. |
2021 | Мерион Ремзи — американска глумица. |
2024 | Франц Бекенбауер — германски фудбалер. |
Празници:
* | Божик — Рождество Христово |