Фред Астер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фред Астер (10 мај 1899 – 22 јуни 1987), роден како Фредерик Остерлиц[1] во Омаха, Небраска е американски филмски и Бродвејски сценски танчер, кореограф, пејач и актер. Неговата сценска и филмска кариера развиена во период од седумдесет и шест години го направи вечна легенда. Најчесто се поврзува со Џинџер Роџерс, со која има направено десет филмови што го имаат револуционеризирано жанрот.
Кратки факти Фред Астер, Роден(а) ...
Фред Астер | |
---|---|
Фред Астер во Кралска Свадба (1951). | |
Роден(а) | Фредерик Остерлиц Џр. |
Активен | 1933 – 1981 |
Сопружник | Филис Ливингстон Потер (1933-1954) Робин Смит (1980-1987) |
Затвори
Џорџ Баланшин и Рудолф Нуреев го сметаат Астер за најголем танчер на сите времиња[2], а воопшто се смета дека е највлијателниот танчер од аспект на филмската уметност. Американскиот филмски институт ќе го прогласи Астер за петта најголема ѕвезда на сите времиња.