Хабсбуршка Монархија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хабсбуршка Монархија или Хабсбуршко Царство (германски: Habsburgermonarchie) — неофицијално име на државите и провинциите кои биле управувани од страна на австриската Хабсбуршка династија до 1780 година, а подоцна и од страна на нејзината наследничка Хабсбург-Лотаринги до 1918 година. Монархијата претставувала сложена држава составена од териториите во и надвор од Светото Римско Царство и обединета единствено пред монархот. Династичкиот главен град бил Виена, освен во периодот од 1583 до 1611 година[3], кога бил префрлен во Прага. Од 1804 до 1867 година, Хабсбуршката Монархија била официјално обединета како Австриско Царство додека во периодот од 1867 до 1918 година опстојувала како Австроунгарија[4][5].
Хабсбуршка Монархија[1] | ||||||||||||||||||
Habsburgermonarchie | ||||||||||||||||||
Дел од Свето Римско Царство | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||
Гесло Fiat iustitia, et pereat mundus "Let justice be done, though the world perish" | ||||||||||||||||||
Химна Gott erhalte Franz den Kaiser „Господ да го чува царот“ | ||||||||||||||||||
The Habsburg Monarchy in 1789. | ||||||||||||||||||
Главен град | Виена (1526–1583) Прага (1583–1611) Виена (1611–1804) | |||||||||||||||||
Јазици | службени јазици: латински, германскиb Останати јазици: унгарски, чешки, хрватски, романски, словенечки, словачки, дански, италијански, полски, босански, српски, француски | |||||||||||||||||
Вероисповед | Официјална религија: Римокатоличка црква Останати: Калвинизам, Лутеранство, Православие, Јудаизамa | |||||||||||||||||
Уредување | Феудална монархија | |||||||||||||||||
Монарх | ||||||||||||||||||
- | 1526–1564 | Фердинанд I (прв) | ||||||||||||||||
- | 1792–1804 | Франц II (последен) | ||||||||||||||||
Државен канцелар | ||||||||||||||||||
- | 1753–1793 | Венцел Антон | ||||||||||||||||
Историски период | Ран нов век/Наполеонови војни | |||||||||||||||||
- | Мохачка битка | 29 август 1526 | ||||||||||||||||
- | Битка кај Виена | 14 јули 1683 | ||||||||||||||||
- | Војна за наследство | 1740–1748 | ||||||||||||||||
- | Австриско-турска војна | 1787–1791 | ||||||||||||||||
- | Договор од Свиштов | 4 август1791 | ||||||||||||||||
- | Австриско Царство | 11 август 1804 | ||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Денес во | Австрија Белгија Предлошка:Country data Bosnia-Herzegovina Хрватска Чешка Франција Германија Унгарија Италија Лихтенштајн Луксембург Холандија Полска Романија Србија Словачка Словенија Швајцарија Украина | |||||||||||||||||
^a Main Czech Church, in the Kingdom of Bohemia recognized until 1627 when it was forbidden. ^b German replaced Latin as the official language of the Empire in 1784.[2] |
Главата на австриската гранка на Хабсбуршката династија често бил избран како цар на Светото Римско Царство до распаѓањето на царството во 1806 година. Од 1415 година до распаѓањето на Светото Римско Царство единствено Карло VII од Баварија не бил член на Хабсбуршката династија како владетел на Австрија[6][7]. Самата монархија опфаќала и делови надвор од Светото Римско Царство, и поголемиот дел од монархијата била управувана од страна на други династии. Хабсбуршката Монархија обично не ги вклучувала сите територии под власта на Хабсбуршката династија. Од друга страна и Хабсбуршката династија често била поделувана на подгранки. Најголем пример било поделбата на териториите на управување во времето на Карло V, кога била основана т.н. Хабсбуршка Шпанија.