Грб
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грб — специјална фигура, симболичко обликување, белег или амблем. Тоа е наследен, непроменет, постојан знак, составен според правилата на хералдиката, којшто служи за разликување на одделно лице, род, општество, институција, град, област, народ, држава, корпорација, стопанска или црковна организација.
Кратки факти
Затвори
Државниот грб првпат се појавува со формирањето на првите апсолутистички и централизирани феудални држави. Подоцна грбот како државен симбол, го примиле и капиталистичките и социјалистичките држави.