From Wikipedia, the free encyclopedia
Хемија — природна наука што се занимава со проучување на структурата и својствата на материјата, како и промените кои настануваат при хемиските реакции[1]. Хемијата претставува физичка наука која ги изучува различните типови на атоми, молекули, кристали и други типови на агрегати изолирани или во меѓусебни интеракции кои во себе ги вклучуваат концептите за енергија и ентропија во хемиските процеси. Модерната хемија еволуирала од алхемијата.
Во физиката и хемијата, атомот претставува најмала структурна честичка на секој хемиски елемент (со тоа и на материјата) што ги има неговите карактеристични својства. Секој атом се состои од атомско јадро и електронска обвивка. Атомот се состои од неколку типови на елементарни честички. Во јадрото се наоѓаат неутралните неутрони и позитивно наелектризираните протони (или позитрони), додека во електронската обвивка се наоѓаат негативно наелектризираните електрони. Елементарни честички од кои е изграден атомот играат голема улога при дефинирањето на својствата на атомите, како и при нивното поврзување со други атоми од ист или различен хемиски елемент.
Хемиски елемент претставува тип на атоми кои поседуваат ист атомски број - односно кои поседуваат ист број на протони во јадрото на атомот. Хемиските елементи, исто така, поседуваат и ист број на електрони во електронската обвивка.
Хемиските соединенија (или накусо само соединение) се супстанции во чиј состав влегуваат најмалку два различни атоми[2][3]. Хемиските соединенија можат да се разложат на елементарни супстанции со одредена хемиска реакција или процес.
Во хемијата под поимот молекула се подразбира доволно стабилна, електронеутрална група која се состои од најмалку два атома кои на точно определен начин се поврзани меѓу себе со хемиска врска[4][5].
Различните дисциплини во рамките на хемијата се групираат според видот на материја кој се изучува во нивни рамки.
Брзиот развој на науката се почесто доведува до развој на гранични дисциплини помеѓу хемијата и други науки (физика, медицина и др.).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.