Расказ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Расказ — кратко книжевно дело на наративна проза карактеристична по релативно малиот број на зборови што ги содржи. Битен белег на расказот е дејствието на случката да се развива брзо. Расказот треба да има мал број на ликови, односно само еден главен лик. Со расказот се опишуваат помал број на случки отколку кај романот.
Гранична должина за еден расказ претставува проблем. Според класичната дефиниција, еден расказ треба да може да се прочита во едно седење. Во современа употреба, сепак, поимот подразбира белетристичко дело што содржи до 20.000 зборови. Во пракса, должината на расказот зависи од местото на објавување.
Според содржината расказите можат да бидат: битови, историски, авантуристички, научнофантастични, психолошки и хумористични.

Remove ads
Надворешни врски
- раскази.мк Архивирано на 2 април 2015 г.
![]() | Оваа статија од областа на книжевноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads