From Wikipedia, the free encyclopedia
Херберт Кремер (германски: Herbert Kroemer 25 август 1928 - 8 март 2024) германски професор по електротехника и сметачко инженерство во Калифорнискиот универзитет, а го добил неговиот докторат по теоретска физика во 1952 од Гетингенскиот универзите, Германија, со есејот за топлотните електронски ефекти во тогаш новиот транзистор, поставувајќи ја основата на кариера за истражување на физичките својства на полупроводнички уреди. Во 2000, Кремер, заедно со Жорес Алферов, бил награден со Нобеловата награда за физика „за развојот на полупроводнички хетероструктури кои се користат во големобрзинската електроника и оптоелектрониката“. Другиот кодобитник на Нобеловата награда бил Џек Килби за неговиот пронајдок и развој на интегралното коло и микрочиповите“.
Херберт Кремер | |
---|---|
Херберт Кремер (2008) | |
Роден(а) | 25 август 1928 Вајмар, Германија |
Живеалиште | САД |
Националност | Германец Американец |
Полиња | Електротехника, Применета физика |
Установи | Телекомуникациско-техничка централна канцеларија RCA лаборатории Варијански соработништва Колорадски универзитет Калифорниски универзитет |
Образование | Јенски универзитет Гетингенски универзитет |
Докторски ментор | Фриц Шутер |
Докторанди | Вилијам Френсли |
Познат по | базен транзистор Двоен хетероструктурен ласер |
Влијание од | Фридрих Хунд Фриц Хутерманс |
Поважни награди | Еберсова награда (1973) Нобелова награда за физика (2000) IEEE медал на честа[1](2002) |
Тој работел во бројни истражни лаборатории во Германија и во САД и предавал електротехника во Колорадскиот универзитет од 1968 до 1976. Се придружил на факултетот UCSB во 1976, фокусирајки се на неговиот полупроводничи истражен програм за зголемување на технологијата на полупроводнички материи наместо на силициумската технологија.
Кремер бил избран како член на Националната академија на инженерство во 1997 и Американската академија на науките во 2003. Тој отсекогаш работел на проблеми кои се понапредни од мејнстрим технологијата. Во 1950-те, тој го пронашол базниот транзистор и бил првиот кој посочил дека може да се стекне предност во бројни полупроводнички уреди преку инкорпорирање на хетероструктури. Најважно, во 1963 тој го предложил концептот на двојниот хетероструктурен ласер, кој сега е централен концепт во полето на полупроводничките ласери. Кремер станал ран пионер во молекуларната снопова епитаксија, концентрирајќи се на применување на технологијата врз нови неиспробани материјали.
Заедно со Чарлс Кител е соавтор на полуларното дело "Thermal Physics" (македонски: „Термиска физика“), првпат објавено во 1980 и сѐ уште употребувано и денес. Тој исто така е автор на делото "Quantum Mechanics for Engineering, Materials Science and Applied Physics" (македонски: „Квантна механика за инженерство, материјална наука и применета физика“).[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.