Хидра (месечина)
месечина на Плутон / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хидра — природен сателит на Плутон, со пречник од приближно 51 километри низ неговата најдолга димензија. Таа е втората по големина месечина на Плутон, малку поголема од Никта. Хидра била откриена заедно со Никта од астрономите користејќи го вселенскиот телескоп Хабл на 15 мај 2005 година, и го добила името по Хидра, деветглавата подземна змија во грчката митологија.[11] По далечина, Хидра е петтата и најоддалечената месечина на Плутон, која орбитира надвор од четвртата месечина на Плутон Кербер.
Откривање[1] | |
---|---|
Откривач | Хабл |
Откриено | 15 мај 2005 |
Ознаки | |
Изговор | /ˈhaɪdrə/[2] |
Наречена по | Лернејска хидра |
S/2005 P 1 | |
Орбитални особености[3] | |
64.738 ± 3 km | |
Занесеност | 0,005862 ± 0,000025 |
38,20177 ± 0,00003 d | |
Наклон | 0,242 ± 0,005 ° |
Месечина на | Плутон |
Физички особености | |
Димензии | 50,9+x 36,1 km[4] |
Маса | (4,8 ± 4,2)⋅1016 kg[5] |
Средна густина | 2,13 g/cm3[4] |
0,00520055269 g[6] | |
0.4295 d (10.31 h)[7] (јули 2015) | |
110 deg[8] | |
Албедо | 0.83 ± 0.08 (геометриски)[5] |
Температура | 23 K[9] |
22.9–23.3 [10] |
Хидра има високо рефлектирачка површина предизвикана од присуството на воден мраз, слично на другите плутонски месечини.[12] Рефлексивноста на Хидра е средна, помеѓу оние на Плутон и Харон.[13] Вселенското летало Нови Хоризонти го снимил Плутон и неговите месечини во јули 2015 година и врати повеќе слики од Хидра.[14]