Лернејска хидра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лернајска хидра или Хидрата од Лерна (грчки Λερναῖα Ὕδρα, Lernaîa Hýdra), позната и само како Хидра — змијолико водено чудовиште во старогрчката митологија и римската митологија. Нејзин дом било езерото Лерна во Арголида, што е исто така местото од каде потекнува митот за Данаидите. Лерна била исто така и влез за долниот свет,[1] а археологијата го прогласила за свето место, постаро од микенскиот Аргос. Во митот за Хидрата, чудовиштето го убил Херкул, со помош на меч и оган, како втора од неговите задачи.[2]
Приказ на Хидрата од Гистав Моро, 19 век | |
Вид | Легендарни суштества |
---|---|
Подвид | Змијолик воден дух |
Родители | Тифон и Ехидна |
Митологија | Старогрчка митологија |
Други имиња | Лернејска хидра |
Земја | Стара Грција |
Според Хесиод, Хидрата била чедо на Тифон и Ехидна.[3] Имала многу глави, чиј број варира од еден до друг изор. Подоцнежната верзија на приказната за Хидрата ја претвора во чудовиште: за секоја отсечена глава, ѝ се појавуваат една или повеќе нови глаи.[4]
Хидрата имала отровен здив и отровна крв, што дури и нејзиниот мирис бил смртоносен.[5]