3 век п.н.е.
Век / From Wikipedia, the free encyclopedia
3 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 300 г. п.н.е. и завршил на 31 декември 201 г. п.н.е. Овој историски период и припаѓа на класичната антика.
Во Средоземното Море, првите неколку децении од овој век се одликуваат со баланс на силите меѓу хеленистичките кралства на исток и големата трговска сила на Картагина на запад. Балансот бил нарушен со појавата на конфликт меѓу Картагина и Римската република.[1] Во следните децении, Картагина била прво понижена, а потоа уништена од Римјаните во Првата и Втората пунска војна. По Втората пунска војна, Рим станал најмоќната сила во западното Средоземје.
Во Индија, Ашока управувал со Мауријската империја. Во Тамилакам (јужна Индија), династиите Пандиа, Чола и Чера од класичниот период го доживеале својот подем.[2]
Во Кина, завршувал Периодот на завојуваните држави, откако Џин Ши Хуанг ги освоил другите држави и ја воспоставил краткотрајната Џин династија, која била првата кинеска империја по која во истиот век следела долготрајната Хан династија.[3] На Корејскиот полуостров, започнал протоисторискиот период. Во Монголија, Хунну биле на врвот од својата моќ.