4 Веста
астероид / From Wikipedia, the free encyclopedia
Веста (ознака за помала планета: 4 Веста) — една од наголемите објекти во Астероидниот појас, со просечен пречник од 525 километри[2]. Откриена е од германскиот астроном Хајнрих Вилхелм Матијас Олберс на 29 март 1807 година и е именувана по Веста, римска божица на оганот и на домот, како и на гневноста, смиреноста и дисциплината.
Слика во боја на Веста направена од Зора | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Хајнрих Вилхелм Олберс |
Откриено | 29 март 1807 |
Ознаки | |
Изговор | /ˈvɛstə/[1] |
Наречена по | Веста |
Астероиден појас | |
Орбитални особености[2] | |
Епоха 9 декември 2014 (ЈД 2457000.5) | |
Афел | 2.57138 ае (384.673 Gм) |
Перихел | 2.15221 ае (321.966 Gм) |
2.36179 ае (353.319 Gм) | |
Занесеност | 0.08874 |
3.63 г (1.325,75 d) | |
Просечна орбитална брзина | 19.34 km/s |
20.86384° | |
Наклон | 7.14043° до еклиптиката 5.58° до непроменлива рамнина[3] |
103.85136° | |
2021-Dec-26[4] | |
151.19853° | |
месечини | нема |
Сопствени орбитални елементи[5] | |
Сопствена голема полуоска | 2.36151 АЕ |
Сопствено занесеност | 0.098758 |
Сопствен наклон | 6.39234° |
Сопствено средно движење | 99.1888 ° / г |
Сопствен орбитален период | 3.62944 г (1325.654 d) |
Прецесија на перихел | 36.8729 (2343 години) лс / г |
Прецесија на искачувачки јазол | −39.5979 (2182 години) лс / г |
Физички особености | |
Димензии | 572,6+× 557,2[6] |
Среден пречник | 525,4 ± 0,2 km[6] |
Сплеснатост | 0.2204 |
(8,66 ± 0,2)⋅105 km2[б 1][7] | |
Зафатнина | (7,46 ± 0,3)⋅107 km3[б 1][8] |
Маса | (2,59076 ± 0,00001)⋅1020 kg[6] |
Средна густина | 3,456 ± 0,035[6] |
Екваториска површ. гравит. | &100000000000002510000002,51 m/s2 0.025 g |
Екваторска втора космичка брзина | 3.63 km/s |
0,2226 d (5.342 h)[2][9] | |
Екваторска вртежна брзина | 93.1 m/s[б 2] |
Северенополна ректасцензија | 20h 32m[се бара извор] |
Северенополна деклинација | 48°[се бара извор] |
0.423[10] | |
Температура | min: 75 K (−198 °C) max: 250 K (−23 °C)[11] |
V[2][12] | |
5.1[13] до 8.48 | |
3.20[2][10] | |
0.70″ to 0.22″ | |
Се смета дека Веста е вториот по големина астероид, и по маса и по волумен, по џуџестата планета Церера, иако по волумен се преклопува со неизвесноста во мерењата на 2 Палада.[14] Мерењата му даваат номинален волумен само малку поголем од оној на Палада (околу 5% поголем, што е големината на неизвесностите во мерењето), но овој астероид е 25% до 30% помасивен. Сочинува околу 9% од масата на Астероидниот појас. Веста е единствената позната преостаната карпеста протопланета (со диференцирана внатрешност) од видот што ги формирала копнените планети. Бројни фрагменти од Веста биле исфрлени од судири пред една и две милијарди години, поради кои два огромни кратери заземале голем дел од јужната полутопка на Веста. Остатоците од овие настани паднале на Земјата како ХЕД-метеорит, кои претставувале богат извор на информации за Веста.
Веста е најсветлиот астероид видлив од Земјата. Редовно е со светлинска величина 5,1, во кои моменти е слабо видлив со голо око. Неговото максимално растојание од Сонцето е малку поголемо од минималното растојание на Церера од Сонцето, [б 3] иако неговата орбита е целосно во рамките на онаа на Церера.
Вселенското летало на НАСА Зора влегло во орбитата околу Веста на 16 јули 2011 година за едногодишно истражување и ја напуштила орбитата на Веста на 5 септември 2012 година на пат до својата крајна дестинација, Церера. Истражувачите продолжуваат да ги испитуваат податоците собрани од „Зора“ за дополнителни сознанија за формирањето и историјата на Веста.