6 век п.н.е.
век / From Wikipedia, the free encyclopedia
6 век п.н.е. започнува на 1 јануари 600 п.н.е., а завршува на 31 декември 501 пред нашата ера.
Овој век претставува врв на период во човековата историја популарно познат како Осево време. Во овој период се појавуваат пет главни мисловни струи кои извираат од пет големи мислители во различни делови на светот: Буда и Махавира во Индија, Заратустра во Персија, Питагора во Грција и Конфуциј во Кина. Панини, во Индија, ја составува граматиката за Санскрит во овој век.[1] Таа претставува најстара позната граматика на било кој јазик.
Во Западна Азија, првата половина на овој век беше доминирана од страна на Нововавилонското или Халдејско Царство, која се здоби со моќ при крајот на претходниот век, по успешен бунт против асирската власт. Јудејското Кралство пропадна во 586 п.н.е., кога вавилонските сили под водство на Навохудонозор II го заробиле Ерусалим и го прогониле поголемиот дел од населението. Кир Велики ѝ стави крај на вавилонската власт во 540-те и ја основал Персиската империја на нејзино место. Персиската империја продолжи да се шири и прерасна во најголемата империја во светот во тоа време.
Во Европа во железната доба експанзијата на Келтите била во тек. Кина била во периодот на Пролет и Есен.
- Средоземје: почетокот на старогрчката филозофија, која процветува во текот на 5 век п.н.е.
- Период на доцната Халштатска култура во Источна Европа и Средна Европа, крајот на бронзеното време во Северна Европа
- Југоисточна Азија: периодот на Пролет и Есен. Конфуцијанството, легализмот и моизмот процветуваат. Лао-це го основа таоизмот
- Западна Азија: за време на Персиската империја, Заратустра го основа зороастризмот, дуалистичка филозофија. Ова беше исто така времето на вавилонското заробеништво на древните Евреи.
- Древна Индија: Буда и Махавира ги основаат Будизмот и Џаинизамот
- Падот на Олмечката цивилизација во Средна Америка