Faith No More
американска рок-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Faith No More ― американскa рок-група од Сан Франциско, Калифорнија, основана во 1979 година.[3][4][5] До септември 1983 година,[6] групата настапувала под имињата Sharp Young Men[5] и подоцна Faith No Man.[7] Оваа група се смета за основоположник и една од најважните претставници на кросоверот, бидејќи споиле различни музички стилови како арт-рок или фанк со хеви-метал и хардкор-панк.
Faith No More | |
---|---|
Faith No More на настап во Португалија во 2009 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Сан Франциско, САД |
Жанрови |
|
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | fnm.com |
Басистот Били Гулд, клавијатуристот/ритам гитаристот Роди Ботум и тапанарот Мајк Бордин се членови со најдолг стаж групата, а биле вклучени и во нејзиното основање. На почетокот од своето постоење групата претрпела неколку мали промени во составот, а подоцна имало и поголеми промени. Денес, членови на Faith No More се: Гулд, Бордин, Ботум, главниот гитарист Џон Хадсон и пејачот/текстописец Мајк Патон.
На 20 април 1998 година, откако претходно објавиле шест студиски албуми, меѓу кои и најпродаваните изданија The Real Thing (1989) и Angel Dust (1992),[8] Faith No More официјално објавиле дека групата се распаднала. По распадот, групата повторно се обединила за да организира турнеја насловена како The Second Coming Tour која се одржала во 2009 и 2010 година, а во мај 2015 година го издале нивниот седми студиски албум, Sol Invictus.[9] По циклусот на турнеи за поддршка на албумот Sol Invictus, Faith No More повторно заминала на пауза. Во ноември 2019 година, групата објавила дека повторно ќе се обедини за да започне турнеја во Велика Британија и Европа во 2020 година, но поради пандемијата COVID-19 таа била одложена. Турнејата требало да започне со кратка турнеја во САД во септември 2021 година, а во јуни 2022 година турнејата требало да продолжи во Обединетото Кралство и Европа, но сите датуми од турнејата биле откажани, а Патон како причини ги навел проблемите со душевното здравје.[10]