IEEE 802.11
From Wikipedia, the free encyclopedia
IEEE 802.11 е множество спецификации од Подслојот за контрола на пристап на медиум (media access control, MAC) и Физичкиот слој за имплементација на безжични локални мрежи во 2.4, 3.6, 5 и 60 GHz честотен опсег. Спецификациите се создадени и одржувани од страна на комитетот за стандардизацијна на LAN/MAN (IEEE 802) од Институтот за Инженери по Електрика и Електроника(IEEE). Основата на стандардод е објавена во 1997 и има неколку амандмани. Стандардот и амандманите ја даваат основата за производи за безжично вмрежување од Wi-Fi брендот. Иако секој амандман се официјално повлекува кога ќе биде вметнат во највоната верзија на стандардот, корпоративниот свет ги рекламира овие ревизии бидејќи тие сакаат концизно да ги назначат можностите на нивните производи. Како резултат на тоа, секоја ревизија има тенденција да стане посебен стандард.