ISBN
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународен стандарден книжен број или ISBN (од англиски: International Standard Book Number) — единствен[1][2] број на книга со кој се препознава изданието, издавачот, како и земјата каде е печатена книгата. Кодот со 9 бројки го измислил Гордон Фостер, денес професор во пензија од Тринити Колеџот во Даблин,[3] за книжарниците и колекционерите во 1966 година.[4] Кодот со 10 бројки бил изработен од Меѓународната организација за стандардизација, а во 1970 година е објавен како меѓународен стандард ISO 2108.[4] Од 1 јануари 2007 година, ИСБН бројот содржи 13 бројки, формат кој се користи и во Македонија.[5]
Кратки факти Акроним, Воведена ...
ISBN со 13 цифри претставен со линиски код | |
Акроним | ISBN |
---|---|
Воведена | 1970; пред 54 години (1970) |
Надлежен орган | Меѓународна агенција за ISBN |
Цифри | 13 (порано 10) |
Контролна цифра | тежински збир |
Пример | 978-3-16-148410-0 |
Мреж. место | isbn-international.org |
Затвори