Џон Едвард Греј
британски зоолог / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џон Едвард Греј (англиски: John Edward Gray; 12 февруари 1800 – 7 март 1875) — британски зоолог, постар брат на Џорџ Роберт Греј и син на фармакологот и ботаничар Семјуел Фредерик Греј (1766–1828).
Кратки факти Џон Едвард Греј John Edward Gray, Роден(а) ...
Џон Едвард Греј John Edward Gray | |
---|---|
Роден(а) | 12 февруари 1800 Волсол |
Починал(а) | 7 март 1875(1875-03-07) (возр. 75) |
Националност | Англичанец |
Полиња | зоологија |
Сопружник | Марија Ема Греј |
Затвори
Греј раководел со зоолошкото одделение на Британскиот музеј во Лондон од 1840 до крајот на 1874 г, пред природонаучниот дел да му припадне на Природонаучниот музеј. Издал неколку каталози на музејските збирки, меѓу нив и опширни дела за групирањето на животните и трудови за нови видови. Благодарение на неговите заложби, зоолошките примероци на музејот станале меѓу најдобрите во светот.