12 февруари
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
12 февруари — 43-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 322 денови до крајот на годината (323 во престапна).
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | ||||
04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | ||
2024 |
Настани:
1502 | Васко Де Гама назначен како адмирал на индискиот океан, со 20 бродови тргнува на второто патување до Индија. |
1909 | Во САД формирано е Националното здружение за напредок на обоените луѓе (NAACP). |
1944 | Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход. |
1992 | Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска. |
1996 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Гана. |
1996 | Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија. |
2001 | Почеток на воената криза помеѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА. |
Родени:
1809 | Абрахам Линколн — шеснаесеттиот претседател на САД. |
1800 | Џон Едвард Греј — британски зоолог. |
1809 | Чарлс Дарвин — британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. |
1851 | Ојген Бем-Баверк — австриски економист. |
1876 | Тубтен Ѓацо — тринаесеттиот далај-лама. |
1881 | Ана Павлова — руска балерина. |
1909 | Бернабе Ферејра — аргентински фудбалер. |
1914 | Василие Поповиќ - Цицо — сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. |
1923 | Франко Зафирели — италијански режисер. |
1925 | Џоан Мичел — американска сликарка. |
1933 | Коста Гаврас — грчки режисер. |
1934 | Бил Расел — американски кошаркар. |
1939 | Реј Манзарек —амрикански рок-музичар, член на групата Дорс. |
1956 | Велимир Заец — југословенски и хрватски фудбалер и тренер. |
1962 | Нана Јоселиани — грузиска шахистка. |
1968 | Џош Бролин — американски глумец. |
1974 | Дмитриј Лосков — руски фудбалер. |
1980 | Хуан Карлос Фереро — шпански тенисер. |
1981 | Раул Ентрериос — шпански ракометар. |
1986 | Марко Копљар — хрватски ракометар. |
1987 | Гоце Георгиевски — македонски ракометар. |
1988 | Николас Отаменди — аргентински фудбалер. |
1991 | Ервин Н'Гапет — француски одбојкар. |
1992 | Стефан Ристовски — македонски фудбалер. |
1992 | Езѓан Алиоски — македонски фудбалер. |
1993 | Рафиња — бразилски фудбалер. |
Починале:
1804 | Имануел Кант — основоположник на германската класична филозофија. |
1904 | Антонио Лабриола — италијански марксистички теоретичар. |
1911 | Гоно Јотов — андрартски капетан. |
1961 | Бранко Миљковиќ — српски и југословенски поет. |
1984 | Хулио Кортазар — аргентински писател. |
1989 | Томас Бернхард — австриски писател. |
2010 | Петар Борота — југословенски и српски фудбалер. |
2012 | Витни Хјустон — американска поп-пејачка. |
2015 | Стив Стрејнџ — англиски музичар, член на групата „Визаж“. |
2015 | Сем Ендрју — американски рок-музичар, член на групата „Биг брадер енд д холдинг компани“ (Big Brother & the Holding Company). |