Only Girl (In the World)
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Only Girl (In the World)“ е песна на барбадоската пејачка Ријана, сместена во нејзиниот петти студиски албум Loud. Напишана од страна на Кристал Џонсон, Старгејт и Сенди Вии, со тоа што последните двајца учестуваа и во нејзиното продуцирање, песната беше реализирана на 10 септември 2010, како пилот сингл од Loud. Во песната доминира брзото темпо, проследено со денс и европоп елементи во нејзината продукција и бит. Критиките кон песната беа главно позитивни, посебно кога станува збор за силниот рефрен и музичката продукција. Критиките беа главно насочени ко изборот и вокалната сработеност од страна на Ријана.
„Only Girl (In the World)“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Ријана | |||||
од албумот Loud | |||||
Издаден | 10 септември 2010 (види историја на реализирање) | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитален даунлоад | ||||
Снимен | 2010 Roc the Mic Studios, (Њујорк, САД); Westlake Recording Studios, (Лос Анџелес, Калифорнија); The Bunker Studios, (Париз, Франција) | ||||
Жанр | Европоп, денспоп | ||||
Должина | 3:55 | ||||
Издавачка куќа | Def Jam | ||||
Композитор | Кристал Џонсон, Микел Ериксен, Тор Хермансен, Сенди Вилхелм | ||||
Продуцент | Старгејт | ||||
Хронологија на синглови на Ријана | |||||
|
„Only Girl (In the World)“ се искачи на врвот на многуте музички светски табели, а особено беше успешна во Нов Зеланд и Австралија, каде што и беше доделен двоен платински албум. Музичкото видео за песната беше режирано од страна на регуларниот соработник на Ријана, Ентони Мендлер. Видеото е со едноставна тематика и се фокусира само на Ријана. Содржи интересни сцени проткаени со црвена и розова боја. Една од доминантните сцени во која се појавува Ријана е снимена на камен рид. Песната беше изведена во живо низ многу светски шоуа, вклучувајќи ги британскиот и италијанскиот X Factor и 2010 Американски музички награди кои се одржаа во Лос Анџелес. Песната доби Греми награда во категоријата Најдобра Денс Песна на 53-тите Греми Награди.[1]