Сплесканите црви, односно типот Platyhelminthes се најниско градени билатерално симетрични ткивни животни, со слободен или паразитски начин на живеење. Основен белег за нив, по кој и го добиле името, е дорзо-вентралното сплескано тело. Инаку, основната форма на телото е вретеновидна, листовидна или лентовидна, додека големината варира од 1 mm до 10 m во должина. Карактеристично е отсуството на телесна празнина, за сметка на што просторот меѓу органите е исполнет со паренхимско ткиво. Кај слободните форми, телото е покриено со трепчест епител, а кај паразитските со кутикула. Под епителот е расположен мускулниот слој од кружни и надолжни мускулни влакна (кожно-мускулен слој). Денес се познати околу 15.000 видови на сплескани црви.

Сплескани црви
Кратки факти Сплескани црви, Научна класификација [ у ] ...
Сплескани црви
Thumb
Бедфордов сплескан црв (Pseudobiceros bedfordi)
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
(нерангирано): Првоусни
(нерангирано): Спирални животни
(нерангирано): Платизои
Тип: Сплескани црви
Gegenbaur, 1859
Колена
Затвори
Thumb
Метил (Fascioloides magna), изолиран од орган на диво животно.
Thumb
Копулација кај планарии.

Сплесканите црви се делат на следниве класи:

класа Тении (Cestoda)
класа Метили (Trematoda)
класа Еднороди (Monogenea)
класа Трепчести црви (Turbellaria)

Општа градба на внатрешноста на телото

Како што е претходно наведено, во сплесканото тело на овие животни отсуствува телесна празнина (целом), а наместо неа целата внатрешност е исполнета со паренхим. Сите органи се наоѓаат во овој паренхим. Тие се:

  • Дигестивниот систем е од типот на гастроваскуларна празнина. Затоа, устата служи и за ингестија на храната, но и за дефекација на несварените остатоци од истата. Тениите, бидејќи се строги ендопаразити, немаат систем за варење на храната, а готовата храна од телото-домаќин ја земаат по пат на ендоосмоза низ целата телесна површина.
  • Респираторен систем отсуствува, а кислородот го примаат преку дифузија низ телесната површина. Исто така, голема улога во респирацијата има гастроваскуларната празнина која се разгранува речиси насекаде низ телото, така што го транспортира кислородот до секоја клетка.
  • Циркулаторен систем отсуствува, а неговата улога ја презема повторно гастроваскуларната празнина.
  • Екскреторниот систем (кој кај некои примитивни видови отсуствува) е претставен со нефридии. Тоа се најпримитивни цевчести органи за екскреција, составени од еден или повеќе основни канали, кои од едната страна комуницираат со надворешноста преку екскреторна пора, а од другата се разгрануваат на поситни цевчиња, кои навлегуваат длабоко во паренхимот и завршуваат со ѕвездеста клетка, чиишто трепки ги буткаат течните екскрети во каналниот систем.
  • Нервниот систем е од врвчест тип, и е составен од една т.н. мозочна ганглија и аксони кои продолжуваат од неа. Непаразитските (слободни) сплескани црви имаат просто градени сетилни органи, додека кај паразитските се сосема слабо развиени, или, пак, воопшто ги нема.
  • Репродуктивниот систем е просто граден кај слободните и релативно сложено кај паразитските сплескани црви. Меѓутоа, сите се хермафродити. Машкиот репродуктивен систем поседува еден или повеќе пара семеници, расфрлени во паренхимот, од кои поаѓаат семеводи. На крај, најчесто има еден семевод што завршува со копулаторен орган. Женскиот репродуктивен систем е со посложена градба. Покрај гонади и нивни одводи, има и жолточници и лушпести жлезди. Размножувањето на сплесканите црви е полово, а оплодувањето внатрешно. Кај планариите од копнените води и попримитивните метили развитокот е директен, додека кај останатите е со метаморфоза.

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.