Кислород

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кислород
Remove ads

Кислородхемиски елемент во периодниот систем. Го има симболот О и атомски број 8. Зборот кислород доаѓа од двата старогрчки зборови οξυς (оксис) = киселина и γεινομαι (геиномаи) = содржи. Ова име било избрано бидејќи во периодот во кој бил утврден кислородот (крајот на XVIII век), се мислело дека сите киселини содржат кислород. Овој хемиски елемент е доста распространет и може да се најде не само на Земјата, но и низ целата вселена, најчесто ковалентно сврзан со други елементи. Несврзаниот кислород (најчесто нарекуван и молекуларен кислород или O2, двоатомска молекула) се појавил уште во палеопротерозоикот (пред меѓу 2500 милиони години и 1600 милиони години) и како производ од метаболизмот на раните анаероби (археи и бактерии).

Кратки факти Општи својства, Име и симбол ...
Remove ads
Thumb
Течен кислород
Remove ads

Особености

Опит колку кислород има во воздухот.

Во стандардни услови кислородот опстојува како двоатомска молекула во кој двата кислородни молекули се двојно сврзани меѓусебно. Во неговата најстабилна форма, кислородот опстојува како дворадикална молекула (кислородна тројка). Иако радикалите најчесто се сврзуваат со високо реактивни молекули, триплетниот кислород не реагира со повеќето молекули. Еднородниот кислород е пореактивен со повеќето органски молекули. Кислородот е главна состојка на воздухот, се произведува од растенијата за време на фотосинтезата и е потребен за аеробна респирација кај животните.

Течниот кислород и цврстиот кислород имаат светлосина боја и двата имаат парамагнетни својства. Течниот кислород најчесто се добива со фракциона дестилација на течен воздух. Течниот и цврстиот озон3), пак, имаат потемни сини бои.

Најскорешниот откриен алотроп на кислородот, тетракислород4), е темноцрвена супстанција што е создадена со вршење притисок на О2 до 20 GPa. Неговите својства се истражуваат за употреба во ракетните горива и слични апликации, бидејќи тој е многу помоќно оксидативно средство од O2 или O3.

Remove ads

Кислородот како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Кислород“ (Oxygene) - албум на францускиот музичар Жан-Мишел Жар (Jean-Michel Jarre) од 1976 година.[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads