Rush
канадска рок-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Rush ― канадска рок-група основана во Торонто во 1968 година. Групата се смета за еден од основоположниците на прогресивниот рок, а исто така многу придонеле за популаризација на овој музички жанр во текот на 1970-тите и биле инспирирација за многу познати групи како: Metallica,[8] Primus,[9] Rage Against the Machine,[9] The Smashing Pumpkins,[9] Dream Theater,[10] и Symphony X.[11]
Rush | |
---|---|
Промотивна слика на групата во 1981 година (од лево кон десно): Геди Ли, Нил Пирт и Алекс Лајфсон | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Торонто, Онтарио, Канада |
Жанрови |
|
Период на активност | 1968–2015 |
Издавачи |
|
Мреж. место | rush.com |
Во 2022 година, со продадени 26 милиони албуми, Rush биле рангирани на 84-то место во САД.[12] Се проценува дека во светски рамки продале преку 42 милиони албуми. Имаат 14 платинести и 3 мултиплатинести албуми во САД,[13] и 17 платинести албуми во Канада. Rush биле номинирани за седум Греми награди,[14] освоиле неколку Џуно награди, а во во 2009 година добиле награда за Меѓународно достигнување од SOCAN. [15] Во 1994 година групата била примена во Куќата на славата на канадската музика, а во 2013 година и во Куќата на славните на рокенролот.[16] [17]