Ѓобекли Тепе

праисториско наоѓалиште во Турција, светско наследство на УНЕСКО From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѓобекли Тепеmap
Remove ads

Ѓобекли Тепе (турски: Göbekli Tepe, Göbeklitepe) — археолошко наоѓалиште што потекнува од докерамискиот неолит А, а веројатно дури и од времето на епипалеолитот, кој се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Шанлаурфа и на 2,5 километри од селото Оренџик. Возвишението е во суштина тел, висок 15 м, околу 300 м во пречник, кој се наоѓа на приближно 760 м надморска височина. Тоа е најдревното мегалитско археолошко наоѓалиште во светот.[1] Неговата старост е најмалку 12.000 години. Датирана е во IX илјадалетие п.н.е. Објектот има кружен облик (концентрични кругови, чиј број достигнува 20) со релјефи од стели во облик на Т што претставуваат различни животни. Комплексот бил покриен со ситен грагор и други фрагменти во VIII илјадалетие п.н.е. Археолошките наоди од Ѓобекли Тепе и Невала Чори ги револуционизираат поимите за раниот неолит во Блискиот Исток.

Кратки факти Место, Област ...

Ѓобекли Тепе им е познат на археолозите уште од раните 1960-ти, но никој не го погодил неговото вистинско значење. Местото под ридот требало да биде византиски гробишта. Дури откако еден местен овчар ископал една од колоните во 1994 година и открил релјеф на чудно животно, започнале ископувањата организирани од Германскиот археолошки институт во соработка со музејот Шанлаурфа.[2] Веднаш по првите ископувања станало јасно дека станува збор за објект што датира од камено време.[3] Само 5 % од целиот комплекс е ископан. Во 2018 година, Ѓобекли Тепе бил вклучен во списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО.[4] Неговиот истражувач, германскиот археолог Клаус Шмит, претполага дека Ѓобекли Тепе е древна култна градба.[3] Неговата изградба започнала уште во мезолитот, а неговата употреба продолжила најмалку неколку илјадалетија. По крајот на VIII илјадалетие п.н.е. објектот бил закопан и напуштен.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Дополнителна книжевност

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads