Грагор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грагор[1][2] или чакал[3][4] — седиментна карпа што се состои од неврзани зрна со одредена големина. Во геологијата, грагорот е секоја растресита карпа со заоблени зрна што се поголеми од 2 и помали од 75 милиметри.

Грагорот е најкористениот материјал во градежништвото. Во зависност од апликацијата, постојат потреби за употреба на грагор чии зрна припаѓаат на одреден опсег на големини. Таков грагор се добива со просејување, односно сепарација.
На овој начин, грагорот со процесот на раздвојување се делив во групи наречени сепарации.

Во Македонија, грагорот обично се добива со ископ на материјал од речните брегови. По миењето, таквиот грагор неформално се нарекува „природен грагор“, со чија сепарација се добиваат следниве групи:
- Сепарација 1: (песок) 0 до 4
- Сепарација 2: 4 до 8
- Сепарација 3: 8 до 16
- Сепарација 4:16 до 32 и
- Сепарација 5: пречник над 32.
Со сепарација на кубен метар природен грагор, зафатнината на производот е поголем од кубен метар. Просечната специфична маса на природен грагор е ρ = 1800 кг/м3, додека специфичните маси на сепарациите се како што следува:
- Сепарација 1: 1450 кг/м3
- Сепрација 2: 1520 кг/м3
- Сепарација 3: 1550 кг/м3
- Сепарација 4: 1550 кг/м3
- Сепарација 5: 1500 кг/м3.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads