Ѓолаја

река во Дојранско и Кукушко, Еегјска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѓолајаmap
Remove ads

Ѓолаја или Арџан (грчки: Δοϊράνη, Дојрани, Αρτζάν, Арѕан, Αγιάκι, Ајаки) — река во Дојранско и Кукушко, Егејска Македонија.[1][1]

Кратки факти Ѓолаја Δοϊράνη, Местоположба ...
Remove ads

Местоположба

Реката е единствениот истек на Дојранското Езеро. Името и доаѓа од турскиот поим ѓол, што значи „езеро“. Излегува од јужниот крај на езерото, кај селото Дојран. Тече на југ и минава низ Владајската Клисура источно од селото Владаја. Проаѓа источно од Крондирци и Хрсово, западно од Новоселјани, па ја прима големата лева притока Кара Су и нагло свртува на запад. Под името Арџан минува северно од Маловци, јужно од Мијалово и свртува на југ. Тука по течението на реката во минатото биле последователно сместени блатата Арџанско и Аматовско Езеро, пресушени во 1928 – 1932 г. Арџанското Езеро на почетокот на XX век е претворено во вештачка акумулација.[2][3] По акумулацијата, реката влегува во регулиран канал и се влева во Вардар како негова лева притока јужно од Вардаровци.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads