Новоселјани (Кукушко)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Новоселјани (Кукушко)map
Remove ads

Новоселјани или Јениќој (грчки: Ελευθεροχώρι, Елефтерохори, до 1927 Γενή Κιόι, Јениќој)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Новоселјани Ελευθεροχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 13 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 64 метри.

Историја

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Новоселјани имало 125 жители Македонци[3][4].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци и работело егзархиско училиште[3][5].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото[6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштено село, додека во 1920 селото не се споменува.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население. Во 1926 година, селото било преименувано во Елефтерохори.[7]

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 182 жители бегалци.[8], додека во 1940 година селото броело 332 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 304 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 301 жител, во 1971 година имало 188 жители, во 1981 година имало 176 жители, додека во 1991 година имало 176 жител[9]. Денеска, населението на селото е 247 жители според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads