Ѓорѓи Стојановски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓорѓи Бојков Стојановски ( 1921 во Скопје — 1944 во Бањане, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Завршил основно училиште. Поради слабите материјални услови не можел да го продолжи образованието и затоа изучил занает и станал столар. Во втората половина на 1944 година се вклучил во народноослободителното движење и материјално го помагал. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил рано и во состав на истата се пројавил со својата решителност и храброст. На неколку денови пред ослободувањето на Скопје, храбро загинал во една битка кај селото Бањани. Бил закопан во селото Бањани, а подоцна неговите останки беа пренесени и погребани на градските гробишта.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads