Ѓупско Кале (Слепче)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ѓупско Калеархеолошко наоѓалиште во прилепското село Слепче. Претставува тврдина од доцно хеленистичко време. Се наоѓа на височинка, која e на 1,2 км југоисточно од селото и источно од врвот Соколички Камен. Тука се видливи остатоци од мала тврдина. Просторот, голем околу 1 хектар, е опколен со одбранбен бедем граден од кршен камен без варов малтер. Во неговата внатрешност, по површината се гледаат грамади од градежен материјал и голем број фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и покривни ќерамиди. Кај Милан Бошкоски од селото се чуваат повеќе антички монети најдени во ова наоѓалиште, меѓу кои една од македонскиот крал Персеј (178-168) и една со портрет на Јанус на аверсот, искована во Тесалоника.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads