Два Даба (Слепче)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Два Даба — археолошко наоѓалиште во прилепското село Слепче. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на неколку стотици метри северозападно од манастирот „Св. Никола“, каде се наоѓаат остатоци од темели на објект граден од кршен камен и варов малтер. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, имбрекси и воденични камења. Покрај тоа, најдени се монети и една бронзена статуетка со претстава на богот Меркур. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]
Remove ads
Поврзано
- Ѓупско Кале — тврдина од доцно хеленистичко време;
- Старо Гумно — некропола од римско време;
- Бара — некропола од римско време;
- Манастириште — населба од римско време;
- Селиште — населба од римско време;
- Селска Црква — осамени наоди од римско време;
- Стара Река — осамен наод од римско време;
- Крст — некропола од римско време;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads