Ѕвезда од главната низа од типот O
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѕвезда од главната низа од типот O (O V) — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектралниот тип O и сјајносна класа V. Овие ѕвезди имаат маса 15 до 90 пати поголема од Сончевата и површинска температура од 30.000 до 50.000 K. Имаат сјајност 40.000 до 1.000.000 поголема од онаа на Сонцето.

Remove ads
Спектрални стандарди

Стандардните ѕвезди кои ја дефинираат MK-класификацијата за ѕвезди од главната низа од типот O, т.е. они е стандарди кои се немаат изменето од почетокот на XX век наваму се: S Еднорог (O7 V) и 10 Гуштер (O9 V).[3]
Морган-Кинак-Келермановиот (МКК) „Јеркисов“ атлас од 1943 г. наведува стандарди помеѓу O5 у O9, но сјајносните класи се разделени само за O9.[4] Двата стандарда MKK O9 V биле Јота Орион и 10 Гуштер. Преработените Јеркисови стандарди („MK“) претставени од Џонсон и Морган (1953)[5] немаат измени во типовите од O5 до O8, и наведуваат 5 O9 V-стандарди (HD 46202, HD 52266, HD 57682, 14 Кефеј, 10 Гуштер) и 3 O9,5 V-стандарди (HD 34078, Сигма Орион, Зета Змијоносец). Важната преработна на спектралната класификација на Морган и Кинан (1973)[6] наведува „преработени МК-стандарди“ за O4 до O7, но повторно стандардите не ги двојат по сјајносни класи. Тука се наведени стандардите O9 V за 10 Гуштер и O9,5 V за Сигма Орион.
Сјајносните класи на типот O поттипови претходни на O5 не се дефинирани со стандардните ѕвезди сè до 1970-тите. Спектралниот атлас на Морган, Абт и Тепскот (1978)[7] дава неколку стандарди за ѕвезди од главнат низа од типот O (сјајносна класа „V“): HD 46223 (O4 V), HD 46150 (O5 V), HD 199579 (O6 V), S Еднорог (O7 V), HD 46149 (O8 V) и HD 46202 (O9 V). Цалборн и Фицпатрик (1990)[8] го создале првиот дигитален атлас на спектри за ѕвезди од типот OB, и вклучиле главнонизен стандард за O3 V (HDE 303308). Спектралната класа O2 била дефинирана од Волборн и др. (2002), при што ѕвездата BI 253 има улога на главен стандард за O2 V (впрочем типот „O2 V((f*))“). Тие ја редефинирале и HDE 303308 како стандард за O4 V, и дале нови O3 V-стандарди (HD 64568 и LH 10-3058).[9]
Remove ads
Својства
Ова се исклучително ретки тела. Се смета дека во целиот Млечен Пат нема повеќе од 20.000 ѕвезди од класата O,[10] или околу една на 10.000.000 ѕвезди. Сите ѕвезди од класата O се многу млади — не повеќе од неколку милиони години – и сите тие во нашата галаксија имаат висока металичност, двапати повеќе од онаа на Сонцето.[11] Имаат маса помеѓу 15 и 90 M☉, но имаат поумерени полупречници околу 10 R☉. Површинската гравитација е 10 пати поголема од онаа на Земјата, што е релативно ниско во споредба со други ѕвезди од главната низа.
Нивните површински температури изнесуваат некаде меѓу 30.000 и 50.000 K. Ова се силно блескави ѕвезди со болометриска сјајност помеѓу 30.000 и 1.000.000 L☉. Видливата апсолутна величина им се движи од −4 (3.400 пати посветло од Сонцето) до −5,8 (18.000 пати посветло од Сонцето).[11][12]
Ѕвездените ветришта на овие ѕвезди имаат конечна брзина од околу 2.000 км/с.[13] Насјајните меѓу нив губат маса со стапка од преку една милионитина M☉ годишно, иако најмалку сјајните губат многу помалку. Ѕвездите од главната низа од типот O во Големиот Магеланов Облак имаат пониска металичност (нивната внатрешност е помалку непроѕирна од типичните ѕвезди во Млечниот Пат) и забележително повисоки температури; највоочлива е помалата стапка на загуба на маса, која е намалена зради помалата непроѕирност.[14]
Remove ads
Примери
- θ Мува — Волф-Рајеова ѕвезда видлива со голо око, но највеќето видлива светлина ја произведува придружник од клсата O и OB-суперџин.
- 9 Стрелец — спектроскопска двојка со ѕвезди од класите O3,5 и O5–5,5, што ја прави најблескавата ѕвезда во маглината Лагуна.
- μ Гулаб — ѕвезда од типот O9,5 видлива со голо око. Ова е ѕвезда-бегалка.
- θ1 Орион C — најблесквата ѕвезда во јатото Трапез во маглината Орион, класа O6 со послаб спектроскопски придружник.
- ζ Змијоносец — ѕвезда од класата O9,5, најблескавата на ноќното небо со 3. величина.
- υ Орион — ѕвезда ид типот O9,7, макар што понекогаш ѝ се дава спектралниот тип B0V
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads