Ѕвездена трага

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѕвездена трага
Remove ads

Ѕвездена трага ― вид на фотографија која користи долго време на изложеност за да ги сними дневните кругови, привидното движење на ѕвездите на ноќното небо поради земјиното вртење. Фотографијата на трага од ѕвезди покажува поединечни ѕвезди како ленти низ сликата, со подолги изложувања кои даваат подолги криви. Поимот е користен за слични фотографии направени на друго место, како на пример на Меѓународната вселенска станица и на Марс.[2][3]

Thumb
Се чини дека сите ѕвезди на ноќното небо кружат околу небесниот пол (јужниот пол на оваа фотографија). Во период од неколку часа, ова очигледно движење остава ѕвездени траги.[1]
Thumb
Ѕвездена патека фотографирана од планината Велингтон, Тасманија. Јужната поларна светлина видлива во позадина.
Thumb
Фотографија на ѕвездена патека на солено езеро во пустината Лут во Иран.

Вообичаените брзини на блендата за трага од ѕвезди се движат од 15 минути до неколку часа, што бара поставка „светилка“ на фотоапаратот за да биде отворена блендата подолг период од вообичаеното. Сепак, попрактикувана техника е да бидат споени голем број слики заедно за да биде создадена конечната слика за патеката на ѕвездите.[4]

Ѕвездените траги се користени од професионални астрономи за мерење на квалитетот на набљудувачниците за големите телескопи.

Remove ads

Фотографирање

Видео
Thumb
Ѕвездени патеки фотографирани од Меѓународната вселенска станица во нискоземјината орбита под агол што ги прави патеките речиси вертикални наместо кружни.

Фотографиите од ѕвездените траги се снимени со поставување на камера на статив, насочување на објективот кон ноќното небо и дозволување на блендата да остане отворена долг временски период.[5] Ѕвездените патеки се сметани за релативно лесни за создавање на аматерски астрофотографи.[6] Фотографите обично ги прават овие слики користејќи дигитален рефлексен фотоапарат или безогледален фотоапарат со фокус на објективот поставен на бесконечност. Откачувањето на кабелот или интервалометарот му овозможува на фотографот да ја држи блендата отворена саканото време. Вообичаените времиња на изложеност се движат од 15 минути до многу часови, во зависност од саканата должина на лаковите на трагата на ѕвездите за сликата.[7] Иако сликите од ѕвездените траги се создавани при услови на слаба осветленост, долгото време на изложеност дозволува брзи филмови, како што се ISO 200 и ISO 400.[6] Широк отвор, како што се f/5.6 и f/4, се препорачувани за ѕвездени патеки.[5][8]

Thumb
Ѕвездените траги снимени со 136 минути долг период на изложување во Елибана, Нов Јужен Велс, Австралија, на 3 март 2019 година.

Бидејќи времето на изложеност за фотографии од траги од ѕвезди може да трае неколку часа, батериите на фотоапаратот може лесно да бидат испразнети. Механичките камери за кои не е потребна батерија за отворање и затворање на блендата имаат предност во однос на посовремените филмски и дигитални фотоапарати кои се потпираат на енергија од батеријата. На овие фотоапарати, светилката, поставката за експозиција, ја одржува блендата отворена.[9] Друг проблем со кој се соочуваат дигиталните фотоапарати е зголемувањето на електронскиот шум со зголемување на времето на изложеност.[5] Сепак, ова може да биде избегнато преку употреба на пократко време на изложеност кои потоа се наредени во програмската опрема за постпродукција. Ова го избегнува можното насобирање на топлина или дигиталниот шум предизвикан од една долга изложеност.

Астронаутот Дон Петит од Соединетите Држави, снимал траги од ѕвезди со дигитален фотоапарат од Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата помеѓу април и јуни 2012 година. Петит ја опишал својата техника на следниов начин: „Моите слики од трага од ѕвезди се направени со временска изложеност од околу 10 до 15 минути. Меѓутоа, со современите дигитални фотоапарати, 30 секунди се отприлика најдолгата можна изложеност, поради бучавата од електронскиот забележувач што делува да ја „снежи“ сликата. За да постигнам подолга експозиција, јас го правам тоа што го прават многу аматерски астрономи, а потоа ги „сложувам“ со помош на програмска опрема за сликање.[10][2]

На Марс биле направени и слики од ѕвездени траги.[11] Роверот „Дух“ ги фотографирал додека барал метеори.[11] Бидејќи камерата беше ограничена на изложеност од 60 секунди, патеките се појавуваат како испрекинати линии.[11]

Remove ads

Земјино вртење

Thumb
Ѕвездена патека над карпестата планина во Аламут, Казвин, Иран.

Можни се фотографии од ѕвездени траги поради вртењето на Земјата околу нејзината оска. Привидното движење на ѕвездите е снимено како претежно криви ленти на филмот или забележувачот.[5] За набљудувачите на северната хемисфера, насочувањето на камерата кон север создава слика со концентрични кружни лакови сосредочени на северниот небесен пол (многу блиску до Северница).[6] За оние на Јужната Полутопка, истиот ефект се постигнува со насочување на камерата кон југ. Во овој случај, лачните ленти се сосредочени на јужниот небесен пол (близу Сигма Октант). Насочувањето на камерата кон исток или запад покажува прави ленти на небесниот екватор, кој е наведнат под агол во однос на хоризонтот. Аголната мерка на ова навалување зависи од географската ширина[5] (L) и е еднаква на 90° − L.

Remove ads

Испитување на астрономски места

Фотографиите од ѕвездени траги може да ги користат астрономите за да го одредат квалитетот на местото за телескопски набљудувања. Набљудувањата на ѕвездените траги на Северница се користени за мерење на квалитетот на гледањето во атмосферата и вибрациите во системите за поставување на телескопи.[12] Првиот запишан предлог за оваа техника е од книгата на Е.С. Скинер од 1931 година, Прирачник за небесна фотографија.[13]

Галерија

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads