Карпа

куп природно наталожени минерали From Wikipedia, the free encyclopedia

Карпа
Remove ads

Карпите се составни делови на литосферата составени од збир на повеќе минерали, иако во некои случаи можат да бидат составени само од еден минерал. Иако се создале на различни начини и на разни длабочини, тие може да се најдат на целата Земјина површина, бидејќи се јавуваат во облик на површински пројави. Науката, пак, што се занимава со настанокот, составот, особините и начинот на пројавување на карпите во Земјината кора се нарекува петрологија (грчки: petros-карпа). Сите карпи, според начинот на настанувањето, се делат на три основни групи: магматски, седиментни и метаморфни.

Thumb
Карпа од различни минерали
Remove ads

Магматски карпи

Thumb
Базалт, вид на магматска карпа

Магматските карпи настануваат со ладењето или стврднувањето на вулканската лава или магма во самата Земјина кора или на нејзината површина. Кога ладењето е многу брзо, нема време да се создаваат кристали, но ако тоа се случува бавно, колку подолго ќе трае процесот, толку поголеми ќе бидат карпестите кристали. Овие карпи се одликуваат со голема цврстина и имаат голема примена во градежништвото. Тие немаат слоеви и не содржат фосилни остатоци. Магматските карпи се класифицираат на најразлични начини. Ако се поделат според начинот на настанувањето, има:

  • Плутонски, кои кристализираат внатре во кората и создаваат големи маси на правилни кристали
  • Насложени, кои се стврднуваат преку пукнатините низ кои магмата си отвора пат и создаваат големи и мали кристали
  • Вулкански, чијшто начин на стврднување е надвор по вулканските ерупции и создаваат само некои кристали. Се класифицираат според процентот на силициум што го содржат:
    • Кисели, се состојат од над 66% силициум (како гранитот, на пример)
    • Средни, имаат меѓу 52 и 66% силициум (како андеситот)
    • Базични, се состојат од 45 до 52% силициум (на пример, базалт)
Remove ads

Седиментни карпи

Thumb
Песочник, вид на седиментна карпа. Се забележуваат напластувањата.

Седиментните карпи настануваат со седиментација (напластување или таложење) на ситен материјал во морињата, езерата, реките и на копното. Овие карпи најчесто се напластени во хоризонтална положба и се состојат од слоеви со различна дебелина. Во нив може да се сретнат фосилни остатоци од растенија или животни. Според потеклото и видот на материјалот што се напластува, се разликуваат карпи со:

  • Механичко потекло, настануваат со напластување на механички иситнет или раздробен материјал во водите или на копното. Напластениот материјал се слепува, се цементира и се преобразува во цврста карпа. Карпи од ваков вид се конгломератите, глинестите карпи, лесот итн.
  • Хемиско потекло, се создаваат со таложење на материјал кој води потекло од растворите на минералите во водата. Примери за вакви карпи се гипсот, бигорот и слично.
  • Органогено потекло, настануваат со седиментација на остатоци од фосилни организми, и тоа најчесто планктонски. Органогени карпи се кредата, дијатомитот, нумулитниот варовник и слично.
Thumb
Седиментна карпа на Водно
Remove ads

Метаморфни карпи

Thumb
Мермер. Во Македонија наоѓалиште на мермер има во Прилеп (Мермерен комбинат)

Метаморфните (видоизменети) карпи имаат променлив состав и потекнуваат од метаморфозата (видоизменувањето) на физичко-хемиски особини на кој било друг вид на карпи (магматски, седиментни). Метаморфозата најчесто се врши во подлабоките слоеви на Земјината кора. Главни фактори за видоизменувањето се високиот притисок и високите температури, кои придонесуваат кристалографската структура на карпата да се измени (процес познат како прекристализација), а резултатот е создавање нови минерали. Метаморфни карпи се мермерот, гнајсот, шкрилците, кварцитот, амфиболитот и слично.

Карпите како тема во уметноста и во популарната култура

Карпите се јавуваат како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

  • „Трета прошетка по карпите“ - песна на францускиот поет Виктор Иго.[1]
  • „Сивата карпа“ (The Grey Rock) - поема на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[2]
  • „Додворување на карпите“ (Удварање стенама) - песна на српскиот поет Васко Попа од 1975 година.[3]
  • „Карпа“ (The Rock) - циклус песни на британскиот поет Т.С. Елиот.[4]
  • „Помош, јас сум карпа (Свита во три става)“ (Help, I'm A Rock (Suite In Three Movements)) - композиција на американската рок-групаМадерс оф инвеншн“ (The Mothers Of Invention) од 1966 година.[5]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads