ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“

болница во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“map
Remove ads

ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“ (позната и како: Специјална болница „Јасеново“ или само Болница „Јасеново“) ― здравствена установа сместена на падините на планината Бабуна, во близина на некогашното село Јасеново.

Кратки факти ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“, Географија ...
Remove ads

Историја

Болницата е основана во 1948 година, откако за само три месеци (март-јуни) била изградена од германски заробеници и првично била наменета за лекување на ранетите борци на Демократската армија на Грција (Македонци и Грци) во текот на Граѓанската војна во Грција.[1]

Во првите три години од основањето (до 1951 година), болницата работела како хируршка, а подоцна започнала да работи како специјална болница за туберкулоза и тогаш имала и над 350 пациенти од цела Македонија и дел од Србија.[1]

Во 1954 година била преименувана во Специјална болница за туберкулоза, а во 1984 година во Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза, со што ѝ се проширува дејноста.[1]

Во периодот 2012-2014 била реновирана со 130 милиони денари.[1]

Remove ads

Особености

Болницата поседува 76 легла во три павилјони, како и две посебни соби за пациенти со туберкулоза.[1]

Во болницата функционира менза.[1]

Кадар

Во 2019 година, болницата имала пет доктори специјалисти и дваесетина вработени како медицински сестри, болничари и технички кадар.[1]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads