Јасеново

село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia

Јасеновоmap
Remove ads

Јасеново — историско село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Кратки факти

Денес, на местото на селото се изградени многу нови куќи, а таму се наоѓа и специјалната болница „Јасеново“.

Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во северните падини на планината Бабуна, на 2 километри источно од патот Прилеп-Велес, јужно од селото Владиловци и денес лежи во неговиот атар.

Во некогашниот атар на историското село Јасеново, работи истоимената специјална болница за белодробно заболувања и туберкулоза.

Население

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година, Јасеново е посочено како село со 6 домаќинства со 25 жители Македонци.[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јасеново живееле 110 жители, сите Македонци.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јасеново имало 88 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На етничката карта од 1927 година, Леонард Шулце Јена Јасеново го навел како напуштено село.[6]

Remove ads

Самоуправа и политика

Во XIX век, Јасеново било село во Велешката Каза на Отоманското Царство.

Личности

Родени во Јасеново
  • Никола Јасеновец — револуционерен деец, починат пред 1918 г.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads