Јавно претпријатие за државни патишта

јавно претпријатие за одржување на државните патишта во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Јавно претпријатие за државни патишта
Remove ads

Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е одговорно за планирање, изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните јавни патишта, како и наплата на патарина.

Кратки факти Порано, Вид ...

Државен пат е јавен пат категоризиран како: автопат, експресен пат, магистрален пат и регионален пат од прва и втора категорија.

Remove ads

Надлежности

ЈПДП ги врши следниве работи:

  • Управување со државните патишта,
  • предлагање на петгодишната програма за развој и одржување на државните патишта;
  • постојано следење и контролирање на состојбите на државните патишта;
  • преземање мерки за рационално користење на средствата наменети за државните патишта;
  • вршење инвеститорски работи од областа на државните патишта;
  • наплата на надоместоците за користење на јавните патишта
  • задолжувања кај домашни и странски финансиски институции;
  • организирање на изработка на студии и проекти за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување, заштита и наплата на патарина со право истите да ги отстапува на физички и правни лица во согласност со закон;
  • давање на вршење на работите за изградба, реконструкција, рехабилитацијата и одржување на државните патишта на правни лица во согласност со закон;
  • предлагање одлука за започнување на постапка за давање на концесија и/или други видови на јавно – приватно партнерство;
  • издавање одобренија, одобрувања и мислења во согласност со Законот за јавните патишта
  • организирање на активности поврзани со вршење на броење на сообраќај, заштита на државните патишта, катастар на државните патишта и формирање на неопходни бази на податоци;
  • применување и користење на систем за управување со одржувањето на коловозите (PMS) и систем на управување со одржувањето на мостовите (BMS);
  • поддршка за изградба, реконструкција и рехабилитација на патишта кои не се државни патишта, врз основа на обврски произлезени од закон.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads