Јазол (единица)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јазол (единица)
Remove ads

Јазол (крат. kn или јаз) — единица за брзина еднаква на една морска милја (1,852 км) на час. Меѓународната хидрографска организација (МХО), каде членуваат сите поморски држави, ја претпочита кратенката kn;[1] но, мошне застапена е и кратенката kt (множ. kts).[2][3]. Јазолот како не е SI-единица, но е прифатен за употреба со единиците на SI.[4] Оваа единица наоѓа поширока примена во светот во области како метеорологијата, морепловството и воздухопловството. На пример, бродот кој патува со 1 јазол долж некој меридијан поминува 1 минута географска должина за еден час. Единицата е наречена по јазлите на јажето на чиј крај е приврзан исечок од талпа наречен „лог“.[5]

Кратки факти јазол, Информации за мерката ...
Remove ads

Дефиниции

1 меѓународен јазол =
1 морска милја на час (по дефиниција),
1,852 километри на час (точно),[4]
0,514 метри во секунда,
1,151 милји на час (приближно).

Брзината на пливилата во однос на флуидите во кои се движат (бродови и воздухоплови) се изразува во јазли. Ова важи и за брзината на тековите по кои се плови (брзината на приливните струи, речните струи и ветерот).

Повеќе информации м/с (m/s), км/ч (km/h) ...

(со задебелено се означени прецизните вредности.)

Remove ads

Потекло

Thumb
Традиционален лог за мерење на брзина во јазли

Сè до средината на XIX век, брзината на бродовите се мерела со лог. Оваа направа се состоела од исечок од талпа врзана за макара. Исечокот бил потежок од едната страна за да може да плута исправен и да биде неподвижен во однос на водата. Талпата се фрла во вода додека се движи бродот, и така макарата се почнува да се одмотува. Јажето имало по еден јазол на секои 47 стапки и 3 инчи (14,4018 м). Еден морнар ги броел јазлите, додека друг броел 30 секунди со песочен часовник (денес 28 секунди). Така, брзината се утврдувала според тоа колку јазли изминале за тој временски период[6] Бројот на јазли потоа му се соопштувал на кормиларот. Мерејќи на овој начин, еден јазол е еднаков на 1,85166 км/ч (20,25 ин/с), што се разликува од денешната дефиниција за помалку од 0,02%.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads