Бофорова скала

скала на збрина на ветерот From Wikipedia, the free encyclopedia

Бофорова скала
Remove ads

Бофорова скала (понекогаш Бофортова скала) — емпириска мерка за брзина на ветрот според неговото дејство на море и на копно.

Thumb
Брод во ураганска бура од 12. степен — највисокиот на Бофоровата скала.

Историја

Скалата е осмислена во 1805 г. од ирскиот хидрограф (подоцна контраадмирал) Френсис Бофорт или Бофор, офицер на Британската воена морнарица, додека служел на бродот „Вулич“. Скалата која го носи неговото име има долг и сложен развој, засновајќи се на работата на други (вклучувајќи го Даниел Дефо во претходниот век). Службено е усвоена кога Бофорт служел како хидрограф на морнарицата во 1830-тите. За првпат употребена во патувањето на бродот „Бигл“ под водство на капетанот Роберт Фицрој, подоцна основач на првата метеоролошка служба на Британија одговорна за редовни временски прогнози.[1] Во XVIII век поморските офицери редовно го набљудувале времето, но без стандардна скала заклучоците биле мошне субјективни. Бофорт успеал да ја стандардизира оваа скала.

Thumb
Френсис Бофорт

Првичната скал од 13 степени (0-12) не ја зема предвид брзината на ветрот туку се однесува на неговото дејство врз едрата на фрегата, тогаш главен брод на Британската морнарица, од „едвај доволно за да придвижува“ до „таков што ниедни платнени едра не можат да го издржат“.[2]

Скалата е воведена како стандардна за сите британски бродски дневници кон крајот на 1830-те. Во 1850-тите била усвоена за копнена употреба, каде степените се изразувале во вртежи на анемометарот. Во 1853 г. Бофоровата скала е прифатена за општа употреба на Првата меѓународна метеоролошка конференција во Брисел.[3]

Во 1916 г. секој степен од скалата добил опис според поведението на морето наместо на едрата поради сè поретката употреба да едра во поморството. Внесен е и опис за поведението на ветровите на копно. Односот на вртежите со степените на скалата се стандардизирани дури во 1923 г. За сето ова бил заслужен Џорџ Симпсон, директор на Британската метеоролошка служба.[1] Неколку десетлетија подоцна мерките биле малку изменети за да се прилагодат на потребите на метеоролозите. Денес во метеорологијата брзината на ветрот се изразува во километри или милји на час, а во поморството и воздухопловдството се користат јазли; сепак, Бофоровата скала наоѓа повремена употреба во прогнозите за товарни бродови[4] и јавни предупредувања за невреме.[5]

Проширена скала

Бофоровата скала е проширена во 1946 г. со додавање на 13. и 17. степен.[3] Меѓутоа, овие степени важат само за посебни случаи како тропски циклони. Денес оваа проширена скала се користи само во Тајван и НР Кина, каде тајфуните се чести. Меѓународниот правилник пропишува само 12 степени и не се занимава со проширената скала.[6]

Брзината на ветрот според Бофоровата скала од 1946 г. се заснова на емпирискиот однос:[7]

  • v = 0,836 B3/2 м/с
  • v = 1,625 B3/2 јазли ()

каде v е еквивалентата брзина на ветар на 10 метри надморска височина, а B е бројот на степенот. На пример, B = 9,5 значи 24,5 м/с, што е еднакво на долната граница на „10 Бофорови“. Според оваа формула, најсилните ветришта во ураганите би биле од 23. степен. Торнадата од F1 на Фуџитината скала и од T2 на TORRO-скалата исто така почнуваат од крајот на 12. степен од Бофоровата скала, но како скали се независни од неа (иако вредностите на TORRO-скалата се засноваат на степенов закон од 3/2 во однос на ветровата брзина на Бофоровата.[8]

Висината на брановите се однесува на условите на отворено море, а не покрај брегот.

Remove ads

Опис на скалата

Повеќе информации Бофоров број, Опис ...
Remove ads

Поврзано

  • Подобрена Фуџитина скала
  • Фуџитина скала
  • Сафир–Симпсонова скала
  • TORRO-скала
  • Вонтропски циклон

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads