Јакопо Корси

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јакопо Корси
Remove ads

Јакопо Корси (италијански: Jacopo Corsi; 17 јули 1561 - 29 декември 1602 година) - фирентински композитор, благородник, покровител на уметноста и еден од основоположниците на оперскиот жанр. Домот на Корси служел како место за средба на Фирентинската Камерата, елитниот круг фирентински хуманистички уметници, меѓу кои биле Винченцо Галилеј, Јакопо Пери, Џулио Качини, како и сите поддржувачи на „либералните уметности“.[1] Корси бил директно вклучен и во создавањето на музички дела, меѓу кои и арии за првата опера „Дафне“, која потоа ја користел Пери.[2] Тој составил два зачувани музички фрагменти како пример за музиката на Пери и веројатно учествувал како чембалист на премиерата на првата опера.[3] Во 1598 година, во домот на Корси била премиерно изведена Дафне.[1] Од партитурите од оваа опера се зачувани се шест фрагменти, два од Корси и четири од Пери.

Кратки факти Јакопо Корси, Роден(а) ...

Корси бил познат по своето богатство и по тоа што бил еден од главните покровители и спонзори на уметноста во Фиренца, а неговото име е суштински поврзано со она на Џовани де Барди и неговата Фирентинската Камерата, која на светот му ја понудила мелодрамата.[4]

Remove ads

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads