Винченцо Галилеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Винченцо Галилеј (роден на 3 април 1520, Санта Марија а Монте, Италија починал на 2 јули 1591, Фиренца, Италија) бил италијански лејтист, композитор и музички теоретичар. Тој е татко на италијанскиот астроном и физичар Галилео Галилеј и виртуозот на лејта и композитор Микелањоло Галилеј. Винченцо е претставник на музиката на доцната ренесанса и значително придонел за музичката револуција која го означува почетокот на барокот.

Во својата студија за висината на звукот и напнатоста на жиците, Галилеј се смета дека го направил првиот нелинеарен математички опис на природна појава.[1] Како негова заслуга се смета и насочувањето на активностите на неговиот син кон експериментирање преку користење на математички квантитативен опис на резултатите (за разлика од чистата, апстрактна математика), и со тоа на одреден начин влијаел на развојот на физиката и на природните науки.
Remove ads
Биографија
Роден е во 1520 во Санта Марија а Монте, Пиза, Тоскана[2] и почнал да свири лејта на рана возраст. Мајка му била од Сан Винченцо во близина на Ливорно.[3] Приближно околу 1562 година се преселил во Пиза, каде што на 5 јули се оженил со Џулија Аманати која била од благородничко семејство. Галилео Галилеј е нивно првородено дете од вкупно шест или седум деца; друг нивен син, Микелањоло, роден во 1575 година,[4] станал успешен лејтист и композитор.
Галилеј многу добро свирел на лејта и во својата малдост го привлекол вниманието на моќните покровители. Во 1563 година го запознал Џозефо Зарлино, најважниот венецијански музички теоретичар од шеснаесеттиот век и почнал да учи со него.[5][6] Малку подоцна се заинтересирал за обидите за препород на античката грчка музика и драма, преку неговото активно учество во Фирентската Камерата,[7] во која членувале група поети, музичари и интелектуалци предводени од грофот Џовани де Барди, како и неговите врски со Џироламо Меи,[8] кој своевремено бил најистакнат изучувач на старогрчката музика. Галилеј компонирал две книги со мадригали, како и музика за лејта, и многу музички дела за вокал и лејта; последниве дела се сметаат за негов најважен придонес затоа што на одреден начин го наговестувал стилот на раниот барок.
Употребата на рецитатив во операта му се припишува на Галилеј, затоа што тој бил еден од основоположниците на монодијата, музички стил најблизок до рецитативот.
Remove ads
Наводи
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads