Јаманака (езеро)

езеро во Јапонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Јаманака (езеро)map
Remove ads

Јаманака (јапонски: 山中湖, трск. јаманака-ко) — езеро во префектурата Јаманаши, Јапонија, близу планината Фуџи. Сместено е кај селото Јаманакако во склоп на Националниот парк Фуџи-Хаконе-Изу.[1]

Кратки факти Јаманака 山中湖, Подрачје ...

Ова е најголемо од групата Пет езера на Фуџи по површина и највисоко по надморска височина. Со средна површинска висина од 980,5 м го зазема третото место по височина во земјата. Меѓутоа, ова езеро е најплиткото од петте, со максимална длабочина од само 13,5 м. Настанало со тековите на лавата од некогашно избувнување на Фуџи во праисторијата. Истекува во реката Сагами и е единствено од петте што има природен истек.[2]

Во периодот Мејџи езерото е порибено со крап, клен и гавун, а направен е и неуспешен обид за доведување на тихоокеанскиот лосос. Во поново време, странските доведени видови како црн костреш и синоперна сончаница сè повеќе ги истиснуваат домородните видови. Во 1956 г. е забележано присуството на алгата маримо.

Јаманака е популарно место за рекреации како пловидба со чамци, рибарење, скијање на вода, едрење на даска, екскурзии и пливање. Кога дува западен ветер, местото е погодно за надлетување со парагладер од планината Мјоџинјама. На располагање стојат и колиби и места за кампување.

Во 2013 г. езерото е прогласено за светско наследство на УНЕСКО како дел од културното подрачје на планината Фуџи.[3]

Remove ads

Поврзано

  • Пет езера на Фуџи
  • Национален парк Фуџи-Хаконе-Изу

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads