Јамб (поезија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јамб[1][2]ритмичка стапка што се користи во различни видови поезија. Првично поимот се однесувал на една од стапките на квантитативната метрика на класичната грчка прозодија: краток слог проследен со долг слог (како во καλή „убава“). Оваа терминологија била усвоена во описот на акцентално-слоговниот стих на англиски јазик, каде што се однесува на стапката што содржи ненагласен слог проследен со нагласен слог (како горе). Така, латински збор како íbī, поради неговиот кратко-долг ритам, латинските научници го сметаат за јамб, но бидејќи има акцент на првиот слог, во модерната лингвистика се смета за трохеј.[3]

Remove ads

Етимологија

Роберт Бикс сугерирал дека старогрчки: ἴαμβος јамбос има предгрчко потекло.[4] Стара хипотеза е дека зборот е позајмен од фригиски или пелазгиски, и буквално значи „Einschritt“, т.е., „еден чекор“, споредете ги дитирамб и триамбус, но Х.С. Верснел ја отфрлил оваа етимологија и наместо тоа предлпжил дека е изведена од култен извик.[5] Зборот може да биде поврзан со Јамбе, грчка мала божица на стиховите, особено на урнебесниот хумор. Во Стара Грција, јамбусот бил главно сатирична поезија, лампуни, што автоматски не имплицира одреден метрички вид. Јампската стапка го добила името поради тоа што е својствена за јамби, а не обратно.[6]

Remove ads

Примери

Во македонскиот јазик за да се постигне оваа стапка стихот мора да започне со сврзник, предлог, кратка заменска форма и сл. кои не се акцентираат, а вториот збор е полнозначен двосложен, акцентиран според правилата на првиот слог. На тој начин стихот започнува со ненагласен (неакцентиран) слог, па продолжува со нагласен, па ненагласен итн.[7]

Се к’/ти ноќ/та цр/на! (ненагласен – нагласен – ненагласен – нагласен)
Се ру/ти кар/па — мрак!
И пет/ли в се/ло пе/ат…

(„Копачите“ – К. Рацин)

Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads