Јанински Санџак

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јанински Санџак
Remove ads

Јанински Санџак (турски: Sanjak-i Yanya‎) — санџак кој припаѓал на Румелискиот Пашалак во рамките на Отоманското Царство, а со реформите во 19 век, на Јанинскиот Пашалак. Градот Јанина (во денешна Грција) бил административен центар на санџакот.

Кратки факти
Remove ads

Администрација

Санџакот се состоел од следниве кази: централната каза Јанина, Ајдонат, Филат, Мегва, (сите во денешна Грција), Лесовик, Конице, Погон и Пермеди (сите во денешна Албанија)[1][2].

Thumb
Отоманска Грција со Јанинскиот Санџак во почетокот на 19 век

Од 1430 до 1670 година санџакот бил дел од Румелија[3]. Од 1670 до 1787 година, санџакот бил дел од Јанинскиот Пашалак. Во 1788 година Али-паша ја стекнал контролата врз Јанина и го споил со Трикалскиот Санџак[4]. Али-паша бил убиен во 1822 година. Во 1834 година, Махмуд Хамди-паша бил назначен да управува со Делвинскиот, Јанинскиот и Белградскиот Санџак[5]. Во 1867 година, санџакот бил споен со Белград, Ѓирокастро, Превеза и Касторија во рамките на Јанинскиот Пашалак.

За време на владеењето на Бајазит II (1481-1512), санџак-бег на Јанина бил Давуд Паша-Зиде Мустафа-бег[6].

Областа беше окупирана од грчките трупи за време на Првата балканска војна, и била вклучена во составот на Грција на мировната конференција во Лондон во 1913 година.

Remove ads

Наводи

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads