Јанина

град во Епир, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Јанинаmap
Remove ads

Јанина или Јанино (грчки: Ιωάννινα) — главен и најголем град на областа Епир, северозападна Грција. Има население од 65.574 жители (2011). Се наоѓа на надморска височина од околу 500 метри, на западниот брег на Јанинско Езеро, или на грчки: Памвотис (Παμβώτις). Се наоѓа во рамките на општината Јанина, и е главен град на округот Јанина и областа Епир. Јанина се наоѓа 450 км северозападно од Атина, 290 километри југозападно од Солун и 80 км источно од пристаништето Игуменица на Јонското Море.

Кратки факти Јанина Ιωάννινα, Земја ...
Thumb
Изглед на добиточниот пазар (Ат-пазар) во Јанина. 1898. Фотографирано од браќата Манаки
Thumb
Панорамски поглед кон Јанина
Remove ads

Име

Формално име на градот, Јанина значи „Јовановград“. Постојат две форми на грчки, Ιωάννινα да биде формалнo и историско име, а почесто се користи Γιάννινα и ја претставува модерната форма на грчки јазик. Оваа форма одговара и во соседните јазици (на пример албански: Janinë, влашки: Ianina, турски: Yanya).

Клима

Јанина од страна на нејзината внатрешност и височина има средоземна клима. Летата се обично топли и суви, а зимите се влажни и постудени отколку на брегот. Јанина е највлажен град во Грција. Максималната температура забележана некогаш беше 42,4 °C, додека апсолутниот минимум е -13 °C.

Повеќе информации Климатски податоци за Јанина (1956 - 2010), Месец ...
Remove ads

Спорт

Јанина е дом на голем спортски тим наречен ПАС Јанина, кој е застапен во грчката Суперлига. Тој е инспирација за многу од старите, како и нови поддржувачи на целиот регион на Епир, па дури и надвор од Јанина.

Сообраќај

  • Во Јанина се наоѓа аеродром.
  • Автопатот „Егнатија“, (дел од Е90 минува низ Јанина) кој го поврзува западниот брег и пристаништето Игуменица со турската граница.
  • Морски линии со мали авион од Јанинското Езеро до Крф.
  • Автобуси на долги релации кои патуваат секојдневно до Атина (6-6,5 часа) и Солун (3 часа).

Население

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads