Јани Бојаџи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јани Бојаџи
Remove ads

Јани Бојаџи (р. 18 јули 1970 во Струмица) — македонски режисер, продуцент и сценарист. Од 2019 година, е директор на Телевизија Алфа.

Кратки факти Роден, Националност ...

Бојаџи, својата кариера како режисер ја започнува во Народниот театар „Антон Панов“ - Струмица. Одреден период, бил вработен во Драмски театар - Скопје како режисер. Има режирано претстави и во театрите низ Македонија, во Народен театар - Штип, Театар Куманово, Велешкиот театар и други театарски куќи.

Во 2013 година, тој се вработил во Канал 5, каде бил режисер, сценарист и извршен продуцент на серијалот Македонски народни приказни и играни и документарни филмови, и таму работел до 2017 година.

Тој е режисер и нашишал сценарио на филмовите: Ругање со Христос, Вистинска љубов, Кино „Љубов“ и телевизиски серии: Бистра вода, Болка на душата и Утре Наутро

Од 2020 година, е редовен професор за филм и телевизија на Универзитетот Еуропа Прима.

Во март 2023 година, Бојаџи бил основач на платформата „Кинемое" која е наменета за македонска продукција за филмови и серии.

Тој е директор на Фестивалот „Преку езерото“, кој се одржува еднаш годишно во Дојран од 2023 година.

Во јануари 2025 година, во Кинотека на Македонија ја промовира неговата книга "Гледна точка". [1]

Бојаџи, има напишано повеќе од 50 колумни за весникот „Нова Македонија“, за театар и филм.

Remove ads

Филмографија

Бојаџи ги режирал следните филмови:[2]

Година Филм Канал
2010Крајот на светот ТВ-филмНаша ТВ
2010Пилот ТВ-филмМРТ 1
2013-2017Македонски приказни ТВ-серијаКанал 5
2014Последниот македонски пророк Документарен филмМРТ 1
2014Среќна Нова 1903 ТВ-филмКанал 5
2015Бела ноќ ТВ-филмКанал 5
2016Вистинска љубов ТВ-филмКанал 5
2016Болка на душата ТВ-серијаКанал 5
2018Ругање со Христос ТВ-филмАлфа ТВ
2022Кино „Љубов“ ТВ-филмКинемое
2023Бистра вода ТВ-серијаАлфа ТВ
2025Утре наутро ТВ-филмКинемое
2025Утре Наутро ТВ-серијаАлфа ТВ
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads