18 јули
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Јули 2025
18 јули — 199-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (200-и во престапна година). Остануваат 166 денови до крајот на годината.
Настани:
| 64 | Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот цар Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори. |
| 1830 | Уругвај го усвојува својот прв Устав. |
| 1846 | Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија. |
| 1898 | Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент. |
| 1925 | Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифест „Мојата борба“. |
| 1936 | Шпанска граѓанска војна: востаниците ја заземаат Галисија, западна Кастиља, западна Андалусија и Арагон. |
| 1968 | Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел. |
| 1967 | Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј. |
Родени:
| 1635 | Роберт Хук — англиски физичар. |
| 1664 | Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки — германски епископ († 1732) |
| 1837 | Васил Левски — бугарски револуционер. |
| 1877 | Елин Пелин — бугарски писател. |
| 1887 | Видкун Квислинг — норвешки соработник на нацистите. Неговото име стана синоним за велепредавство на идеалите на сопствената држава. |
| 1892 | Артур Фриденрајх — бразилски фудбалер. |
| 1918 | Нелсон Мандела — јужноафрикански претседател. |
| 1924 | Џон Глен — американски космонаут. |
| 1932 | Евгени Евтушенко — советски и руски поет, писател, глумец, сценарист и режисер. |
| 1934 | Даринка Челениќ — српска глумица. |
| 1938 | Ијан Стјуарт — британски рок-музичар. |
| 1934 | Наум Манивилов - Преспански — македонски поет. |
| 1942 | Џакинто Факети — италијански Фудбалер. |
| 1963 | Марк Џирардели — луксембуршки скијач |
| 1970 | Анатоли Тишченко — руски спринт-кануист. |
| 1971 | Пени Хардавеј — американски кошаркар. |
| 1980 | Кристен Бел — американска глумица. |
| 1983 | Даниел Наваро — шпански велосипедист. |
| 1984 | Хавиер Морено — шпански велосипедист. |
| 1986 | Сајмон Кларк — австралиски велосипедист. |
| 1992 | Мехди Тареми — ирански фудбалер. |
| 1995 | Недим Ремили — француски ракометар. |
| 1997 | Ноа Лајлс — американски атлетичар. |
| 1997 | Бам Адебајо — американски кошаркар. |
Починале:
| 1610 | Микеланџело Меризи да Караваџо — италијански барокен сликар |
| 1721 | Жан Антоан Вато — француски барокен сликар. |
| 1817 | Џејн Остин — англиска писателка. |
| 1872 | Бенито Хуарез — мексикански претседател. |
| 1895 | Стефан Стамболов — бугарски револуционер. |
| 1949 | Вичеслав Новак — чешки композитор. |
| 1988 | Нико — германско-американска пејачка и глумица. |
| 1997 | Јуџин Шумејкер — американски астрогеолог. |
Празници:
| Уругвај — Ден на Уставот. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads