Јаношево
село во Општина Неготино From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јаношево или Енешево — село во Општина Неготино, централна Македонија. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во Тиквешијата, во крајниот северозапад на општината и северно од градот Неготино.
Историја
Во XIX век Јаношево било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Енеш Обаа имало 250 жители, сите Турци.[3]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажал Енеш Оба (Eneš Oba) како турско село.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[5]
Remove ads
Население
Јаношево традиционално било турска населба. Податоците за него се крајно оскудни, веројатно бидејќи во повоениот период се сметало за маало на соседно село, или било официјално отпишано. Почнува да се попишува како одделно село од 1971 г. па натаму, кога веќе немало ниеден жител. Ова е случај со сите понатамошни пописи.[6] Според пописот од 2002 година, Јанешево немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads